База на податоци за државни субвенции за растително и сточарско производство
Истражувања поврзани со базата на податоци за субвенции во растителното и сточарското производство
По повеќе од една година лутање низ административните лавиринти, БИРН дојде до податоци што откриваат колку пари државата троши на субвенции, каде одат тие средства и како се трошат.
БИРН открива кои се фирмите, но и газдите кои добиваат најмногу субвенции од државниот буџет. Најголем дел од субвенциите одат кај „најголемите“ комбинати кои се сè поинтересни за домашните „тајкуни“. Првите три фирми-добитници на најголем дел од субвенции, во сопственичката структура директно или индиректно имаат странски фирми. Некои во Србија, некои пак, во Атлантскиот Океан.
Атанас Атанасов, Ристо Ристов и Стојан Стојанов. Ова множество од три члена има барем уште една заедничка особина, освен очигледната - дека презимето кореспондира или е изведено од името. Трите комбинации на име со презиме се најчестите добитници на субвенции за земјоделство во петте години меѓу 2010 и 2014 година, покажува истражувањето на БИРН.
Постојат ли неправилности во распределбата на субвенциите во земјоделството и како е возможно еден комбинат со илјада вработени да зема помалку субвенции од неколку земјоделци? Зашто на листата на земјоделци кои ги злоупотребиле субвенциите има само двајца, додека неофицијално се зборува за голем број на злоупотреби на субвенциите во земјоделството?