База на податоци за државни субвенции за растително и сточарско производство
Насоки за користење на базата на податоци на субвенции на растително и сточарско производство
Базата на податоци на субвенции на растително и сточарско производство во Македонија содржи податоци за субвенции на растително и сточарско производство кои се исплатени од страна на Република Македонија, преку механизмите на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, во период од пет години, почнувајќи од 2010 до 2014 година.
Базата содржи податоци за 2.480 правни субјекти и 53 мерки за поддршка, односно субвенции.
Физичките лица се третираат како еден посебен субјект, при што е оневозможен нивни детален преглед како корисници на субвенциите во дадениот период, за сметка на можноста да се добие детален преглед колкав износ на средства и какви субвенции се дадени генерално на сите физички лица кои биле корисници на мерките за поддршка од 2010 до 2014 година.
Пребарувањето во оваа база на податоци се врши преку избирање една, неколку, или сите опции дадени во следниве трите категории од мените за пребарување:
Приказот на резултатите според избраните параметри се дава на страницата за групни резултати. Вредноста на субвенциите која е исплатена за добиените резултати, прикажана е во три табели, распределена на следниов начин:
Секоја мерка и секој субјект (правни лица и физички лица во целост) имаат свои страници во рамките на базата на податоци. До страниците на мерките и субјектите се пристапува преку кликнување на името на мерката или субјектот во приказот на групните резултати и преку кликнување на визуелните прикажувања на резултатите.
Страниците на мерките и субјектите содржат детален приказ за секоја мерка и субјект за периодот од 2010 до 2014 година, вклучително нивната вредност, број на решенија, корисници и други детални информации во зависност од видот на страницата.
Резултатите од вашите пребарувања можат да се преземат во ексел формат и во CSV формат од страницата на групните резултати и се отворени за натамошно користење или употреба од страна на корисниците на базата. За физички лица достапни се целосните податоци за превземање. Содржините се достапни под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.
Субвенциите за растително и сточарско производство како што се именувани во оваа база, според Програмата за финансиска поддршка во земјоделството се дефинирани како Мерки за поддршка на доходот на земјоделските стопанства, односно: Мерка 1 - Директни плаќања за растително производство и Мерка 2 - Директни плаќања за сточарско производство. Податоците со кои што располага оваа база на податоци се добиени од Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој преку користење на пристапот до информации од јавен карактер во периодот од 2014 до 2015 година. БИРН не презема одговорност за евентуални промени на податоците од страна на надлежните институции. Податоците во оваа база ќе бидат тековно ажурирани.